На свеченото отворање на зимските Олимписки игри во Сочи ќе присуствуваат повеќе од 20 европски претседатели

На свеченото отворање на зимските Олимписки игри во Сочи ќе присуствуваат повеќе од 20 европски претседатели.

Оваа информација во интервју за РИА новости ја соопшти заменик министерот за надворешни работи, Владимир Титов.

Според зборовите на дипломатот, конечната листа на високи официјални лица кои ќе присуствуваат на свечената церемонија се уште не е до крај составена,„но сега веќе е јасно дека повеќе од дваесет европски држави ќе бидат претставени во Сочи на ниво на претседатели на држави, влади и кралски лица“. На овој начин заменик министерот го коментира бојкотот на игрите во Сочи од страна на низа познати светски политичари. Да потсетиме дека веќе посетата на Олимпијадата ја одбија германскиот претседател Јоаким Гаук, францускиот Франсоа Оланд и американскиот Барак Обама.          

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња