Во Сочи нема да има дополнителни мерки за безбедност поради Волгоград

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков, изјави дека дополнителни мерки за безбедност на Олимпијадата во Сочи поради терористичките напади во Волгоград нема да има, пренесува РИА Новости.

„Што се однесува до Олимписките игри во Сочи, сите неопходни мерки за безбедност веќе се преземени, и дополнителни мерки за безбедност поради терористичките напади во Волгоград нема да има“, забележа Жуков.

Тој напомна дека за прв пат во историјата на Олимписките игри ќе биде воведен специјален пасош за навивачите, со што се воведува задолжителна регистрација на сите посетители на Олимпијадата.

Претходно во западните медиуми се појави информација дека експлозијата во Волгоград ќе ја стави под знак прашалник безбедноста во Сочи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.