Премиерот на Ерменија: членството во Царинската унија е во интерес на државата

Членството на Ерменија во Царинската унија е мотивирано од интересите на државата - економијата и нејзините граѓани, изјави во петокот премиерот на Ерменија, Тигран Саркисјан.

Членството на Ерменија во Царинската унија е мотивирано од интересите на државата - економијата и нејзините граѓани, изјави во петокот премиерот на Ерменија, Тигран Саркисјан.

После заседанието на Вишиот Евроазиски економски совет, во вторникот беше потпишан акцискиот план за приклучување на Ерменија во Царинската унија и Единственото економско пространство на Русија, Белорусија и Казахстан.

„Донесувајќи решение да се приклучиме кон ЦУ, Ерменија осознава дека од тој процес ќе има и позитивни и негативни страни. Владата ги анализираше сите фактори и спроведе преговори со Русија. Преговорите нѐ уверија дека членството во ЦУ е полезно за нашата држава и нашите граѓани“, изјави премиерот на Ерменија за време на конференцијата за печатот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња