Военото воздухопловство на Русија ќе ги обнови летовите на МиГ-31

Военото воздухопловство на Русија на 30 декември ќе ги обнови летовите на воените авиони МиГ-31, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на Игор Климов, претставник од Министерството за одбрана на Русија.

Летовите на борбените авиони беа прекинати на 14 декември откако дојде до дефект кај еден авион МиГ-31, после што тој се сруши во Приморскиот Крај. Во текот на пробниот лет кај авионот откажал еден од моторите, но екипажот успешно се катапултирал.

Во вооружувањето на военото воздухопловство на Русија се наоѓаат 350 ловци МиГ-31, создадени во втората половина на седумдесеттите години од ХХ век. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња