РПЦ се надева дека членките на групата "Pussy Riot" „умеат да го ценат чинот на милосрдие“

Претседателот на Синодалното одделение при Московската патријаршија за односи со јавноста, протојереј Всеволод Чплин изјави дека амнестијата на членките на групата "Pussy Riot“, Надежда Толоконикова и Марија Аљохина е чин на милосрдие, и се надева дека тие ќе умеат да го ценат тој чин.

„Се надевам дека тие жени од корен ќе го преиспитаат она што го направија во храмот и ќе сфатат колку бол предизвика нивниот чин“, изјави протојерејот. Тој изрази надеж дека „девојките никогаш нема да посакаат да направат такво нешто“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Чаплин додаде дека „тие дами не се изгубени за Царството Божјо“. „Бог нив ги сака како свои деца, но очекува нивно покајание“, изјави тој. „Ние сме отворени за дијалог со сите и подготвени сме да разговараме со сите, доколку за тоа постои желба“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.