Росатом потпиша договор за изградба на нуклеарна централа во Финска

Вредноста на зделката не е објавена.

Финската компанија Феномвоима и една од ќерките-компании на „Роастом“, "Rusatom Overseas" потпишаа договор за испорака на опрема за новата нуклеарна централа во Финска, пренесува Yle. Според планот за изградба, новата нуклеарна станица треба да започне со производство на електрична енергија во 2024 година.

Финалното решение за инвестициите и изградбата на АЕЦ во Финска ќе биде донесено до крајот на февруари, кога учесниците во проектот ќе се согласат за учество во истиот. Истовремено, 34% од акциите на финската компанија ќе преминат во сопственост на „Роастом“.

Вредноста на зделката не е објавена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња