Претседателката на Литванија, Даља Грибускајте не гледа можност да отпатува на зимската Олимпијада во Сочи поради политиката на Русија, пренесува Лента.Ру.
„Во настанатава ситуација, која евидентно сведочи за кршење на човековите права, но и изменет однос кон источните партнери, меѓу кои е и Литванија, не гледам политичка можност да одам на Игрите во Сочи“, изјави претседателката на балтичката република.
Ниту еден шеф на држава кој се откажа од своето патување во Сочи досега не ги образложил своите мотиви за незаминување.
Адрис Берзиниш претседател на Летонија, изјави дека ќе оди на Олимпијадата во Сочи, истакнувајќи дека бојкотот само ќе го врати духот на „студената војна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче