Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин, може да се каже - победи во оваа Рунда во борбата за Украина. Москва и Киев ги нормализираа економските и политичките врски, па на Соединетите Американски Држави не им остануваат многу опции за контрола на ситуацијата, пишува The Nation.
Ова е лоша вест за сенаторот Мекејн. Тој неодамна ја посети Украина, надевајќи се дека ситуацијата ќе се заврти во корист на САД.
Значајното намалување на цените на гасот и 15-те милијарди долари кредит се доволен мотив за Јанукович да го избере Истокот наместо Западот. Веројатно тоа ќе остане така и во блиска иднина. За тоа е виновна и самата Европа - таа ништо конкретно не му предложи на Јануковуч, ниту членство, ниту финансиски средства.
Русија ја искористи економската зависност на Украина и успеа да ја оттргне земјата од патот накај ЕУ. Трговијата меѓу двете земји во последните неколку месеци се намалила за 25%, а во источниот дел на Украина производството се намалило од 30 до 40% во периодот од мај до ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче