Рускиот претседател Владимир Путин смета дека во иднина ќе може да се размислува и за приватизација на „Гаспром“, доколку за тоа се понудат добри економски услови. Ова го изјави Путин за време на вчерашната конференција за печатот.
„Што се однесува до ’Гаспром’, сметам дека тој не припаѓа на една шака олигарси. Тоа е компанија со контролен пакет акции кои припаѓаат на руската држава. Навистина, имаше еден момент пред 7-8 години кога контролниот пакет замина од рацете на државата. Тогаш навистина имаше опасност да се изгуби контролата над компанијата“, изјави Путин.
„Што се однесува до приватизацијата, тоа може да се случи, но само кога ќе бидат решени некои услови поврзани со првичната употреба на гасот, но и со економските услови“, додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче