Паметните телефони и електронските таблички - се најдобри подароци за празниците: 85% од луѓето би сакале да добијат таков апарат за Нова година, а 65% од испитаниците се подготвени да подарат таков уред за Нова година, сведочат податоците од анкетата на Hi-TechMail.Ru.
Најбарани подароци во оваа година се паметните телефони - тие се на врвот на списокот на желбите на граѓаните (29%), а електронски таблички сакаат 24% од испитаниците. 11% од испитаниците би сакале преносен компјутер, а 7% - фотоапарат за Нова година.
Повеќето анкетирани како подарок би сакале да добијат уред од Apple, а на второ место се најдоа уредите од компанијата Samsung.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче