Латвија изрази загриженост поради разместувањето на современи ракети од страна на Русија во близина на нејзините граници, како и на границите на другите држави на НАТО, пренесува The Globe and Mail.
Стејт департментот на САД исто така ја повика Русија да избегне било какви чекори кои можат да го дестабилизираат регионот, забележува изданието.
Министерството за одбрана на Русија исто така изјави дека разместувањето на ракетите не противречи на ниту еден меѓународен договор.
Весникот забележува дека информацијата за разместувањето на ракетните комплекси „Искандер“ во Калининград не предизвикуваат посебна тревога, бидејќи Владимир Путин и другите официјални лица одамна зборуваат за ова, односно го претставуваат разместување како противтежа на системот за противракетна одбрана на НАТО во Европа, кој Москва го гледа како опасност.
Разместувањето на ракетите „Искандер“ може уште повеќе да им наштети на односите на Русија со Западот, се кажува во статијата.
Министерот за одбрана на Латвија, Јуозас Олекас изрази загриженост поради модернизацијата на ракетните системи кои се наоѓаат во Калининград и изјави дека милитаризацијата на границата со државите на НАТО создава дополнителна тревога.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче