Русија е подготвена во 2014 година да започне со преговори со Европската унија околу безвизниот режим. Ова го изјави Алексеј Мешков, заменик на министерот за надворешни работи на Руската Федерација.
Според неговите зборови, договорот за ублажување на визниот режим фактички е подготвен, но не е познато кога ќе биде потпишан. „Одговорот на тоа прашање може да го даде само Брисел, бидејќи руската страна е подготвена за потпишување на тој договор“, истакна Мешков.
Русија очекува работата околу регулирањето на визниот режим да добие неопходен импулс во периодот кога Грција ќе претседава со ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче