Пушков: САД се најголемите прекршувачи на човековите права

Шефот на меѓународниот комитет во Државната Дума, Алексеј Пушков смета дека Русија самата треба поактивно да ги штити човековите права во светот и да повлекува сопствени потези, вклучувајќи и воведување санкции кон одредени земји, а не само да презема повратни мерки после недобронамерните чекори на други држави, пренесува РИА Новости.

„Во спротивно ќе ја препуштиме иницијативата на оние кои донесуваат и имаат намера да носат нови закони и списоци како списокот Магнитски“, додаде тој.

Списокот Магнитски, според мислењето на Пушков, е очигледен пример на антируска политика. Тој потсети дека законот е донесен врз основа на еден единствен случај, што зборува за тоа дека САД не се загрижени за човековите права, туку си остваруваат своја политичка агенда. „САД се најголемите прекршители на човекови права. За тоа доволно зборува глобалната програма за шпионажа. За тоа сведочат и аферите во самите САД.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.