Научници: Државата треба да ја задржи водечката улога во економијата

Научниците-економисти од Руската академија на науки сметаат дека е неопходно да се зачува водечката улога на државата во руската економија, но со услов да се модернизираат државните институти и судската власт, се кажува во извештајот за стратегијата за развој на економијата на Русија, подготвена по указ на претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Улогата на државата на оваа етапа од развојот треба да биде висока во руската економија, но потребни се сериозни мерки за усовршување на дејноста на државата како субјект во економската политика. Се работи за подобрување на работата со активите на државата, како и реформа на државниот апарат“, изјави за РИА Новости Александар Некипелов, академик кој бил на чело на работната група.

Путин уште кон крајот на 2012 година побара од тогашниот претседател на РАН, Јуриј Осипов да подготви извештај „За мерките за стабилен развој на Русија во услови на глобална нестабилност“.

Авторите на извештајот сметаат дека во Русија сѐ уште нема создадено самостојна судска власт. „Тоа означува отсуство на гаранции за правата на приватните лица, гаранција за нивниот имот, нешта што можат да бидат обезбедени само со постоење на независна судска власт“, пишуваат научниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња