Русија ќе се заштити со „Контејнер“ од страната на Европа

Новиот радиолокациски систем може да открива цели на далечина од 2.000 километри.

Руската војска го активираше новиот радиолокациски систем за предупредување од воздушно-вселенски напад, кој треба да ја „покрива“ државата од Запад. Како што смета експерт, за создавање на целосен штит над целата држава, на Русија ќе ѝ бидат потребни околу 10-12 станици од ваков вид.

Радиолокациската вертикална станица „Контејнер“, која во почетокот на декември започна со воено дежурство во Република Мордовија, е првата ваква станица од овој вид во Русија, изјави претставник на Армијата во понеделникот. Како што додаде министерот за одбрана на Русија, овој РЛС е предназначен за „следење на воздушните објекти“.

Новиот радиолокациски систем може да открива цели на далечина од 2.000 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња