Кремљ има намера да го искористи искуството на советскиот систем за развој на кадри

Шефот на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Иванов, предлага во борбата против корупцијата да се користат елементи на советскиот систем за развој на кадри.

Шефот на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Иванов, предлага во борбата против корупцијата да се користат елементи на советскиот систем за развој на кадри.

„Во советско време постоеше проверен систем за развој на кадри кој не треба во целост да се преземе, но негови поединечни елементи треба да се искористат. Младите луѓе кои покажувале претприемништво, добро однесување и почит, постепено напредуваа во кариерата. Затоа во советско време во органите на власта имаше многу малку луѓе кои ја стекнаа својата позиција врз основа на протекции. Со тоа треба да се занимаваме, и не само во администрацијата на претседателот, туку и во регионите во Русија“, изјави Иванов, а пренесува РИА „Новости“.

Иванов изјави дека на почетокот на декември администрацијата во Кремљ ја основа управата за борба против корупција.

„Кога озбилно зборуваме за борбата против корупцијата, секогаш треба да се тргне од врвот на власта. Основањето на оваа управа ќе ги мотивира другите органи на власта да создадат сопствени одделенија со истата цел“, истакна Иванов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња