Србија нема да ги менува плановите за „Јужен тек“ и покрај коментарот на Европската комисија

Спорот за гасоводот „Јужен тек“ треба да го решат Европската унија и Русија, а Србија нема да ги менува плановите за учество во проектот, изјави Ивица Дачиќ, премиер на Србија.

Спорот за гасоводот „Јужен тек“ треба да го решат Европската унија и Русија, а Србија нема да ги менува плановите за учество во проектот, изјави Ивица Дачиќ, премиер на Србија.

Неодамна Европската комисија изјави дека двостраните договори за „Јужен тек“ со државите во Европа - Австрија, Бугарија, Унгарија, Грција, Словенија, Хрватска, Македонија и Србија - го нарушуваат европското законодавство. Забелешките се однесуваат на тоа дека „Гаспром“ целосно ќе управува со гасоводот и ќе ги одредува тарифите за гасот.

Србија е официјален кандидат за членство во Европската унија.

„Србија не може да влијае на спорот. Ние сме во средината на „Јужен тек“, од нас ништо не зависи. Што се однесува до Србија, овде беше направено сѐ според нашите закони“, изјави Дачиќ за новинарите, коментирајќи ги изјавите од Европската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња