Украина при подготовките за асоцијација со ЕУ сметала да добие од Брисел поголеми заеми од тие кои на крај ѝ биле предложени, изјави првиот заменик-премиер на Украина, Сергеј Арбузов.
Тој забележа дека до моментот на потпишување на договорот за време на самитот „Источно партнерство“ во Вилнус, трговијата меѓу Украина и Русија веќе паднал за 25%. Пресметувајќи ги понатамошните последици од влошувањето на трговско-економските односи со Русија, владата на Украина решила самостојно да се справи со ситуацијата, бидејќи тој пакет мерки кој бил договорен со ЕУ воопшто не се покажал како доволен за да ја обезбеди стабилноста во трговскиот баланс на државата.
„Нам ни беа предложени од ЕУ 610 милиони евра, а според нашите пресметки, Украина требаше да добие не помалку од 10 милијарди евра“, изјави Арбузов.
Арбузов додаде дека Украина ќе го потпише договорот за асоцијација со ЕУ. „Ние ќе го потпишеме за еден месец, два месеца, но ќе го потпишеме. Стратешкото решение никој не го поништил - ние одиме кон Европа“, забележа првиот заменик-премиер на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче