Со звуците тркала кои ѕвечкаат и стругањето на полиетиленот, од 28 до 29 ноември во Иркутск се одржа првиот Иркутски фестивал за роботика „РобоСиб“, организиран од компанија En+ Group и фондот на Олег Дерипаска „Волно Дело“ во рамките на серуската програма „Роботика: инженерно-технолошките кадри во иновациската Русија“.
Речиси 300 учесници од 6 до 30 години од различни региони од Русија дојдоа во градот Ангара да ги прикажат своите дела и да ги послушаат советите од мајсторите во областа на роботехниката. Во битките меѓу роботите, на предавањата и интерактивните места се собраа стотици луѓе кои се интересираат за роботиката и инженерството.
Специјално гости на фестивалот се познатите руски писатели кои пишуваат во жанрот на научната фантастика, Сергеј Лукјаненко, Михаил Успенски и Леонид Каганов. На „РобоСиб“ тие беа модератори на состаноците и разговорите за роботиката, на кои ги споделија своите мислења за тоа како ќе изгледа технолошката иднина на Русија.
Во текот на двата дена фестивалот „РобоСиб“ беа доделени осум комплети награди. Авторите на најуспешните проекти добија можност да заминат на серускиот фестивал на роботи „Робофест“, кој ќе се одржи во Москва. Впрочем, како што претскажа и самиот Сергеј Лукјаннко, и тие кои не добија награди – добија еден кип впечатоци и непроценливо искуство од своите колеги.
Според замислата на организаторите, „РобоСиб“ треба да стане постојано место за добивање нови знаења и размена на искуства од страна на студентите и учениците. Организаторите се надеваат дека ваквите фестивали ќе станат за децата импулс за развој на нивната љубов кон инженерството.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче