Откако Киев ќе потпише договор со Царинската унија, ќе добие помала цена за гас

Откако Украина ќе потпише договор за обврски со Царинската унија, може да добие друга цена за гас, иако е премногу рано да се зборува за нејзината подготвеност за создавање на единствена царинска територија со Русија, смета првиот заменик премиер на Русија, Игор Шувалов.

Откако Украина ќе потпише договор за обврски со Царинската унија, може да добие друга цена за гас, иако е премногу рано да се зборува за нејзината подготвеност за создавање на единствена царинска територија со Русија, смета првиот заменик премиер на Русија, Игор Шувалов.

Владата на Украина претходно ја запре подготовката за потпишување на договор за асоцијација со ЕУ. Владата на Украина го правда своето решение со намалувањето на трговијата со Русија и ЗНД, тешката економска ситуација и издршките кои Киев не може да ги преземе врз себе после потпишувањето на договорот за асоцијација.

„Украина сега е во тешка состојба, таму треба да се занимаваат со развој на производството, им треба евтин ресурс за нивните фабрики и продажба на произведените продукти. Сметам дека никој освен Русија не може толку бргу да ѝ обезбеди на оваа земја ресурси во толкав обем“, забележа Шувалов во интервју за Блумберг.

„Исто така, ние можеме да дадеме заем. Но едноставното помагање без никакви обврски од нивна страна - нема да биде возможно. Ние не можеме туку-така да ја спасуваме Украина: тие треба да дојдат со некаква конкретна и аргументирана агенда“, смета првиот заменик премиер.

„Секако, Украина разбира дека откако ќе потпише договор со Царинската унија, ќе може да добие друга цена за гасот, други услови и други давачки“, додаде Шувалов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња