Русија може да добие од асоцијацијата на Украина со Европската унија, изјави комесарот на ЕУ, Штефан Филе во интервју за украинскиот весник „Денес“.
Минатата недела владата на Украина ја прекина подготовката за потпишување на договорот за асоцијација со ЕУ, кое беше планирано на самитот „Источно партнерство“. Кабинетот на министри го објасни тој потег со потребата да се зголеми трговијата со основните трговски партнери на Украина - Русија и ЗНД.
„Објаснувајќи ја паузата во подготовката за потпишување на договорот, кабинетот на министри и претседателот зборуваат за редица мерки кои Русија може да ги преземе. Тие не се без основа: Русија исто така може да добие од потпишувањето на договорот. Во асоцијацијата на Украина нема ништо што би можело негативно да влијае на Русија. Русија е стратешки партнер за ЕУ, и ние сакаме да го искористиме целиот потенцијал на тоа партнерство“, изјави Филе.
Еврокомесарот подвлече дека било кој вид притисок врз партнерите, вклучувајќи ја и Украина, е целосно неприфатливо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче