Самарскиот аеродром „Курумоч“ ќе стане еден од аеродромите во Русија кои ќе им овозможи на патниците од 72 часа да се наоѓаат на територијата на Руската Федерација без виза, изјави во средата за РИА Новости Михаил Маљцев, раководител на одделот за туризам во Самарската област.
„Во моментов се работи на вклучување на нашиот аеродром во мрежата на аеродроми кои ќе примаат транзитни туристи без виза“, додаде тој.
Државната Дума на Русија го прифати во првото читање законот со кој се регулира влезот на странските граѓани во Русија. Според него, патниците ќе можат да влезат на територијата на Руската Федерација преку однапред одредени аеродроми без виза (до 72 часа).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче