Шефот на филијалата на концернот Volkswagen, Мартин Винтеркорн, во вторникот, за време на церемонијата на пуштање на 700.000-от автомобил во фабриката во Калуга, Русија, изјави дека до 2018 година германската страна планира да вложи 1,2 милијарди евра во руските проекти, пренесува Интерфакс.
„Најголем дел од инвестициите ќе бидат насочени овде, во Калушката област. Во следниве две години ќе инвестираме 102 милиона евра во Калуга“, подвлече Винтеркорн.
Во моментов во фабриката на Volkswagen во Калуга работат 5.500 луѓе. Во 2015 година се планира отворање на дополнителна фабрика за производство на мотори.
Винтеркорн спомна дека наскоро Русија ќе стане главен автомобилски пазар во Европа, одземајќи го приматот кој го има Германија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче