Руските мировни сили прославија јубилеј

Пред 40 години на меѓународните мировни сили на ООН се приклучија и руските единици.

Пред 40 години на меѓународните мировни сили на ООН се приклучија и руските единици.

Во Каиро на 25 ноември 1973 година е одржана церемонија на која првата група руски офицери ги прими обележјата на припадниците на мировните сили на ООН - сини беретки и марами, како и специјални легитимации.

Во текот на претходните 40 години руските војници се докажаа како висококвалифицирани припадници на мировните сили кои се во состојба квалитетно и успешно да одговорат на сите поставени задачи. Тоа повеќепати го покажаа учествувајќи во мисиите во Ангола, Камбоџа, Босна и Херцеговина, косово и Метохија, Демократската Република Конго, Етиопија и други земји. Руските војници и офицери пресудна улога одиграа и во мировните операции во Таџикистан, Апхазија и Јужна Осетија.

Една од актуелните мировни мисии во која активно учествуваат руски војници се наоѓа во зоната на конфликт меѓу Молдавија и Приднестровје. Според оценката на експертите, оваа мировна операција е една од најуспешните, најпродуктивните и најефикасните мисии на ООН. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња