Преговорите меѓу Украина, Русија и ЕУ ќе се одржат пред самитот во Вилнус

Тространите преговори за трговско-економската соработка меѓу претставниците на Русија, Украина и Европската унија ќе се одржат пред самитот во Вилнус, планиран за 28 и 29 ноември.

Тространите преговори за трговско-економската соработка меѓу претставниците на Русија, Украина и Европската унија ќе се одржат пред самитот во Вилнус, планиран за 28 и 29 ноември, изјави украинскиот премиер Николај Азаров, коментирајќи ја одлуката за стопирањето на процесот на интеграција на Украина во Европската унија, пренесува РИА „Новости“.

Литванија, која претседава со Европската унија, не „гледа можност“ Русија да се приклучи во преговорите. Ова го изјави висок чиновник во Брисел кој сакаше да остане анонимен.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.