Руската армија во целост ќе премине на исхрана според принципот „шведска маса“ кон крајот на овој месец, пренесува РИА Новости.
„До крајот на ноември 2013 ќе заврши организацијата на исхраната со елементи на ’шведска маса’. До први декември за оваа цел целосно ќе бидат реорганизирани 835 мензи во Армијата“, пренесено е на конференцијата за печатот во Министерството за одбрана на Русија.
Претходно министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, изјави дека ќе воведе кабини за туш и шведски маси во Армијата до крајот на 2013 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче