До 1 трилион долари од Русија отишле на офшорни сметки за 20 години

Одливот на средства од Русија во последниве 20 години, според различни оценки, изнесува од 800 милијарди до 1 трилион долари, изјави за новинарите претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за буџет и финансиски пазари, Сергеј Рјабухин.

Тој изјави дека во Советот на Федерацијата на 21 ноември ќе се дебатира за „деофшоризација“ на економијата на Русија. Сенаторот напомна дека на овој проблем му се посветува сѐ поголемо внимание, на што укажува и интересот на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Офшор - е територија со привлечни услови за бизнисот благодарејќи на ниските даноци, едноставното законодавство за инвестициските фондови, упростениот систем за регистрација на компаниите, како и тајност на операциите. За разлика од слободните економски зони, поврзани доминантно со реалниот сектор на економијата, офшорните зони се благопријатни за финансиски операции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња