Во Русија пуштен е во сообраќај првиот воз на кат

За прв пат во историјата на руската железница во сообраќај е пуштен воз на кат на релацијата од Москва до Адлер (град на југот на Русија во близина на Сочи).

За прв пат во историјата на руската железница во сообраќај е пуштен воз на кат на релацијата од Москва до Адлер (град на југот на Русија во близина на Сочи). Меѓу патниците имаше најмногу новинари и волонтери за Зимските олимписки игри 2014, но и родители со деца кои биле воодушевени од вагоните на катови, пишува весникот „Росијска газета - Кубањ. Северен Кавказ“.

Според податоците на весникот, возовите на катови имаат пространи вагони, како и безжичен Интернет. Возот патува вкупно 25 часа и 19 минути. Се очекува во иднина патувањата на оваа релација да траат до 22 часа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња