Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека руските власти ќе направат сѐ за комфорот на гостите на зимската Олимпијада во Сочи, пренесува РИА Новости.
Ваква изјава Путин даде на средбата со претставниците на Федерацијата на зимските видови спорт, на која присуствуваше и претседателот на МОК, Томас Бах.
„Ние правиме сѐ за да учесниците и гостите се чувствуваат во Сочи удобно, без разлика од националната, расната припадност или сексуалната ориентација“, подвлече претседателот.
Претходно Путин изјави дека во Русија нема дискриминаторска политика кон хомосексуалците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче