Руските набљудувачи во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратениците на Државната дума на Руската Федерација, Василиј Лихачов и Сергеј Калашников, одбија да отпатуваат во Грузија за да ги следат претседателските избори, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
Василиј Лихачов своето одбивање го образложи со тоа дека порано тој го прекршил грузискиот закон „за окупирани територии“, со тоа што во Грузија може да влезе само со дозвола на грузиските власти. Сергеј Калашников објасни дека не може да патува „бидејќи има информација дека грузиските власти нема да го пуштат да влезе во земјата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче