Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев предложи Турција да биде примена во Царинската унија, пренесуваат руските медиуми.
„Претседателот на Турција ми се обрати со молба за приклучување кон нашата Царинска унија. Па ајде да ја примиме Турција“, изјави Назарбаев во Минск на седницата на Евроазискиот економски совет.
Според неговите зборови, кога патува во странство, често му поставуваат прашања дали повторно се создава СССР или некоја друга унија под руско влијание. „Можеби треба да ја примиме Турција. Тоа е голема земја и потоа ќе престанат да поставуваат прашања“, предложи Назарбаев на претседателите на Русија и Белорусија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче