Американскиот радио сателит „Сириус-ФМ6“ успешно е изведен на геостационарна орбита, соопштено е денес во Роскосмос.
Лансирањето на ракетата-носач „Протон-М“ со американскиот апарат беше извршено на 25 октомври од космодромот Бајконур. 9 минути после стартот, од третиот степен на „Протонот“ се одвои забрзувачот „Бриз-М“, со чија помош во наредните 9 часа е стабилизирана орбитата на сателитот.
Ова е веќе второ успешно лансирање на „Протон-М“ после несреќата на 2 јули 2013 година, кога „Протон-М“ падна веднаш после стартот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче