Седум московски музеи ќе може да се посетат бесплатно

Министерството за култура на Русија на 4 ноември ќе започне со проектот „Музејска карта“, со која ќе се овозможи бесплатно посетување на седум московски музеи, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на зборовите на министерот за култура, Владимир Медински.

„Во ’Ноќта на уметноста’ ќе започне да функционира т.н. Музејска карта. Тоа е следен чекор кој Министерството за култура сака да го направи за да ги привлече посетителите во најдобрите московски музеи. Би сакале луѓето да одат во музеите со своите деца, семејства“, изјави министерот.

Според неговите зборови, акцијата ќе трае од 4 ноември до 8 декември, а учество во неа ќе земат пет федерални музеи, вклучувајќи го и Државниот историски музеј, Третјаковската Галерија, а исто така и московските - Московски музеј на современата уметност и „Манеж“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња