Поранешниот министер за финансии на Русија, Алексеј Кудрин, изјави дека буџетот на Русија може да биде пократок за 69 милијарди евра во периодот од 2014 до 2016 година, пренесува Интерфакс.
„Земено заедно за трите години - тоа се повеќе од 69 милијарди евра“, изјави Кудрин во кулоарите за време на средбата со учесниците на Светскиот економски форум во Москва. Според неговите зборови, тоа ќе се случи поради намалувањето на економскиот раст, намалувањето на извозот и увозот, како и поради намалувањето на приходите од приватизацијата и даноците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче