Стапи на сила безвизниот режим меѓу Русија и Босна и Херцеговина

Во неделата на 20 октомври стапи на сила договорот меѓу Руската Федерација и Босна и Херцеговина за условите за патување на нивните граѓани, пренесоа вчера руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за надворешни односи на Русија.

Овој документ, кој беше потпишан на 31 мај во Москва, предвидува воведување безвизен режим за државјаните на двете земи во траење од 30 дена на секои 60 дена, почнувајќи од датумот на првото влегување.

Притоа, сопствениците на дипломатски и службени пасоши го задржуваат правото за безвизно влегување во земјата во времетраење од 90 дена, а соработниците на дипломатските претставништва, конзуларните органи и претставништвата при меѓународните организации, како и членовите на нивните семејства кои живеат со нив, во текот на целиот период на акредитацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња