Концернот „Соѕвездие“ ќе создаде роботизиран систем за управување со вооружените сили кој треба да стане дел од опремата за беспилотните летала, автоматизираните минофрлачи и системи за противвоздушна одбрана. Според документацијата која ја подготви Министерството за индустрија и трговија, овој проект има за цел да ја затвори „дупката“ која постои со западните земји во областа на роботизацијата на војската. Компанијата од Воронеж до 2015 година би требало да претстави функционален модел на овој систем и да ги спроведе потребните тестирања.
Концептот на кој се заснова овој систем за роботизирана борбена команда користи невронски мрежи и суперкомпјутери кои ги моделираат процесите за донесување одлуки во текот на борбените операции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче