Facebook сака да создаде претставништво во Русија

Компанијата Facebook ја разгледува можноста да отвори постојано претставништво во Русија, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјава на Екатерина Скоробогатова, претставник на социјалната мрежа.

Компанијата Facebook ја разгледува можноста да отвори постојано претставништво во Русија, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјава на Екатерина Скоробогатова, претставник на социјалната мрежа. Сепак, претставникот на компанијата подвлече дека Facebook сѐ уште во голем број држави работи без претставништво.

Прашањето за неопходноста од создавање на претставништво на социјалната мрежа во Русија е покренато од руските власти повеќепати, а последен пат тоа се случило после скандалот со рекламата за тутунски смеси, поради кои Facebook за малку ќе бил блокиран во Русија. Сенаторот Руслан Гатаров тогаш забележа дека таков проблем не би се појавил доколку компанијата би имала ефективен менаџмент во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.