Едвард Сноуден се појави пред камерите

Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД, Едвард Сноуден, се појави пред камерите за прв пат после неколку месеци. Видео-снимката од делувањето на наградата „Сем Адамс“, која ја доби Сноуден, е објавена на интернет-страницата на Wikileaks.

Освен Сноуден, на снимката се наоѓа и рускиот адвокат Анатолиј Кучерена, соработникот на Wikileaks, Сара Харисон, која го придружуваше Сноуден на патот од Хонгконг во Москва, како и поранешни соработници на американските специјални служби кои во различни периоди доаѓале до тајни информации на владата на САД и ги разоткривале.

Медиумите тврдат дека снимките се направени во Москва. Ова во интервју за рускиот „Прв канал“ го потврдија американските учесници во случувањето. Сепак, информацијата за тоа каде се наоѓа Сноуден и понатаму се држи во најстрога тајност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.