Во Грузија повеќе од 6.000 лица ја потпишаа петицијата против учество на Олимпијадата во Сочи

Повеќе од 6.000 лица во последниве два дена ја потпишаа петицијата со која се повикува власта на Грузија да се откаже од учеството во Олимпијадата во Сочи, пренесува кореспондентот на „Газета.Ру“.

Повеќе од 6.000 лица во последниве два дена ја потпишаа петицијата со која се повикува власта на Грузија да се откаже од учеството во Олимпијадата во Сочи, пренесува кореспондентот на „Газета.Ру“.

Иницијатори на документот, адресиран до премиерот на државата, Биѕин Иванишвили, претседателот на Националниот олимписки комитет, Лери Хабелов и министерот за спорт и младина Леван Кипиани - се авторитетни невладини организации.

„Ја повикуваме власта на Грузија да покаже дека е против дејствијата на Русија насочени против Грузија. Откажувањето од учеството во зимската Олимпијада ќе биде знак и за меѓународната заедница, знак кој ќе покаже дека грузиската власт никогаш нема да се помири со окупацијата на територијата на Грузија“, изјавено е во петицијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња