Денес е отворена Нобеловата недела, 112-та по ред, на која ќе бидат прогласени добитниците во главните области од науката за 2013 година.
Одлуката на Нобеловиот комитет за хемија ќе биде објавена на 9-ти октомври. Шанси за награда има Русинот Валериј Фокин, дипломец на државниот универзитет Лобачевски од Нижни Новгород.
Тој создал методи на т.н. клик-хемија, наука за забрзувањето на хемиските реакции. Во текот на минатата деценија клик-хемијата доби статус на една од најперспективните области во модерната хемија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.