Во Русија е создаден првиот робот-андроид „САР-400“

Научниците започнаа со испитувања на андроидот „САР-400“, првиот руски робот наменет за работа во отворена вселена. Тој ќе биде главниот помошник на руските космонаути на Меѓународната вселенска станица.

„Испитувањата на роботот се вршат во нашиот центар за припрема на космонаути. Нивната основа цел е стимулирање на одреден вид работа, како на Меѓународната вселенска станица, така и вон нејзините граници“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Олег Гордиенка, член на научниот одбор при Центарот за подготовка на космонаути „Јуриј Гагарин“.

„САР-400“ може да извршува едноставни операции кои не се ни најмалку безбедни за човекот. На пример, тој може да изврши надворешен преглед на вселенските апарати.

Роботот има две „раце-манипулатори“ и може да врши движења и да фотографира. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња