Лукашенко: Во Евроазиската унија нема да има единствена валута и наднационални структури

Евроазиската унија, која до 2015 година ќе ја создадат Русија, Казахстан и Белорусија, ќе претставува економска заедница на суверени и независни држави без наднационални органи на управа и единствена валута. Ова на 1 октомври го изјави Александар Лукашенко во итнервју за казахстанскиот телевизиски канал „24КЗ“.

„Ние создаваме економска унија. Некој спомнува некаква надполитичка структура“, изјави Лукашенко,  додавајќи: „Некој денес спомнува воведување на единствена валута. Ние уште не сме дошле до тоа, уште не сме почувствувале таква потреба.“

„Политичката независност, суверенитет и стабилност на државите се на прво место. Нашите држави мораат да бидат независни и суверени“, нагласи претседателот на Белорусија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња