Европскиот комесар за пазарна конкуренција, Хокаин Алмуни, изјави дека Европската унија е подготвена да поднесе тужба против „Гаспром“ заради спречување на слободната конкуренција на пазарот, што за „Гаспром“ може да резултира со казна во износ од 15 милијарди долари, објави агенцијата „Ројтерс“.
Европската комисија од септември минатата година води истрага за три можни случаи на нарушување на правилата на конкурентност од страна на „Гаспром“ на европскиот пазар. Европската унија го оптужи рускиот холдинг дека ја ограничува слободната испорака на гас во земјите на унијата по пат на однапред договорени поделби на пазарот, како и воведување на нови текови на испорака на гас и формирање неправедни цени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче