Русија ѝ предложи на Индија да стане полноцен член на Шангајската организација за соработка, пренесува РИА Новости.
Ова го пренесува министерот за надворешни работи на Индија, Салман Хуршид веднаш после средбата со шефот на руското МНР, Сергеј Лавров.
Сепак, Хуршид не одговори како ќе реагира Индија на тој предлог.
Според зборовите на Лавров, работата околу подготовката на барањето за стапување на Индија во ШОС веќе е во тек и може да биде одобрена во ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче