Русија ќе им забрани на јапонските политичари без визи да ги посетуваат Јужните Курили

После изјавите на министерот Итита Јамамото, Русија може да ги ограничи патувањата на јапонските политичари на Курилските острови, пренесува интернет-страницата на МНР.

После изјавите на министерот Итита Јамамото, Русија може да ги ограничи патувањата на јапонските политичари на Курилските острови, пренесува интернет-страницата на МНР.

„Безвизните патувања на Јужните Курили ги гледаме како нешто што им дозволува на јапонските граѓани, пред сѐ, поранешните жители на островите, да ги посетуваат гробовите на своите предци... Политичките изјави како таа што ја даде јапонскиот министер - ги сметаме за несоодветни“ се кажува во соопштението на МНР на Русија.

МНР забележува дека ако јапонските политичари не можат да се воздржат од јавни настапи со „островска тематика“ после посетата на руската територија, Русија го задржува правото да ги ограничи таквите посети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња