Повеќето корисници на Интернет во Русија не се подготвени за законот за заштита на интелектуалната сопственост

Руските интернет-корисници не се подготвени да платат за симнување на музика и филмови, иако знаат дека постои антипиратски закон.

Руските интернет-корисници не се подготвени да платат за симнување на музика и филмови, иако знаат дека постои антипиратски закон. Ова го сведочат податоците од Фондот „Јавно мислење“. Без разлика на тоа што законот не одговара на половината од корисниците, сопствениците на авторските права се уверени дека Русите ќе се навикнат на симнување на легални содржини.

Меѓу граѓаните кои барем еднаш месечно користат интернет (57%), повеќето (88%) се обиделе да симнат музика, филмови, книги бесплатно. Притоа голем дел од анкетираните (79%) „знаат“ или „нешто слушнале“ за антипиратскиот закон, со кој ќе им се овозможи на сопствениците на авторски права да ги блокираат изворите со нелегални копии на филмови и серии. Секој петти корисник на Интернет ништо се слушнал за промените во законодавството. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

This website uses cookies. Click here to find out more.

Accept cookies