Вчера во Сочи се одржа самитот на Организацијата на договорот за колективна безбедност, воено-политички блок на пост-советскиот простор кој го води Москва. Руската Федерација се надева дека ќе ги обедини членките на организацијата пред суската Федерација се надева дека ќе ги обедини членките на организацијата пред сѐ поголемата опасност од југо, пред сѐ од Авганистан.
Состаноците на претседателите на државите-членки на ОДБК се одржуваат по правило во декември. Овој пат тие се одлучија да ја прекинат традицијата. Како што објасни за „Комерсант“ извор од руската делегација, не може понатаму да се одолговлекува решавањето на одредени проблеми. Главното прашање, секако, е ситуацијата во Авганистан. Во 2014 година е планирано од оваа земја да си замине голем дел од НАТО војските. Иако НАТО за иднината на Авганистан зборува со оптимизам, тврдејќи дека авганистанските национални сили ќе се снајдат со одржувањето на поредокот во државата, Руската Федерација и нејзините сојузници се подготвуваат за најлошото сценарио.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче