Премиерот на Литванија, Алгирдас Буткавичус ја обвинува Русија за спроведување политика на „економска војна“, пренесува Блумберг.
„Ова е еден вид економска војна“, изјави литванскиот премиер во интервју за радиото Циниу во Вилнус, коментирајќи ги проблемите околу испораките на гас од Русија.
Литванија се стреми да се ослободи од гасната зависност од Русија, меѓутоа во исто време се обидува да ги задржи трговските врски. Претходно ЕУ ја повика Русија да ги разреши проблемите со Литванија и да ги возобнови нормалните трговски односи.
Русија испорачува во моментов гас во Литванија според договор кој важи до 2015 година. Шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, изјави дека рускиот холдинг може да ги намали цените за гасот кој го испорачува во Литванија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче