Краснојарск остана единствен претендент за Универзијадата во 2019

Единствениот соперник на рускиот град Краснојарск за право за одржување на зимската Универзијада во 2019 година, швајцарскиот кантон Вале, се откажа од својата кандидатура, пренесува владата на Краснојарскиот крај.

Во саботата во канцеларијата на Меѓународната федерација за студентски спорт во Брисел се одржа процедурата за предавање на владината декларација и молбата на Краснојарск за одржување на Универзијадата во 2019 во тој град. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, ја поддржа молбата на Краснојарск.

Според податоците на владата на Краснојарскиот крај, швајцарската страна ја анализирала кампањата на Краснојарск, и решила дека шансите на Русите за победа се поголеми. Швајцарците имаат намера да претендираат за одржување на следната зимска олимпијада – во 2021 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.