Планот за реализација на иницијативата за предавање на сириското хемиско оружје под меѓународна контрола е предаден ан САД од страна на Русија, пренесува „Интерфакс“.
„Руската страна веќе им предаде на САД план за исполнување на иницијативата за меѓународна контрола на хемиското оружје во Сирија“, извести соработник од делегацијата на МНР на Русија. Според неговите зборови, руската страна планира да го разгледа тој план за време на средбата со државниот секретар на САД, Џон Кери во Женева.
Претходно претседателот на САД, Барак Обама изјави дека засега не е уверен дека последниот предлог на Москва ќе доведе до разрешување на сириската криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче